ОБСЕ ја повика Украина да ги почитува обврските преземени на самитот во Париз

Делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ неделава е во посета на Киев и го поздрави продолжението на разговорите меѓу украинскиот и рускиот лидер, пренесува ТАСС.

Делегацијата го поздрави и исходот од неодамнешниот самит на Нормандиската четворка во Париз, барајќи од Украина да ги почитува обврските преземени на високо ниво, се вели во соопштението објавено денеска.

„Делегацијата на ОБСЕ ја охрабрува Украина да ги спроведе заложбите на Нормандиската четворка за одржување на моментумот за решавање на конфликтот“, стои во соопштението.

Претставниците на ОБСЕ остварија средба со претседателот на Врховната Рада, Дмитриј Разумков, за да разговараат за резултатите од самитот како и за соодветните законодавни напори што се во тек во земјата.

„Делегацијата ја охрабри Врховната Рада да го задржи високото темпо на работа на законите што произлегуваат од париските договори. Ние, исто така, цврсто се залагаме за мирно решавање на конфликтот преку политички и дипломатски пат“, се наведува во соопштението.

Самитот на Нормандиската четворка во Париз се одржа на 9 декември, прв пат по тригодишна пауза. Претседателите Владимир Путин од Русија, Емануел Макрон од Германија, Владимир Зеленски од Украина и германската канцеларка Ангела Меркел се собраа во Елисејската палата да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Донбас.

Еден од исходите на разговорите беше одлуката страните во конфликтот да ги разменат сите затвореници пред крајот на годината. Учесниците на самитот се обврзаа да обезбедат целосен и сеопфатен прекин на огнот до крајот на 2019 година, и се согласија да го поддржат договорот постигнат од Контакт групата за три дополнителни области за исклучување на силите и вооружувањето во зоната на конфликтот до крајот на март 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави