Олгица Наумовска нов претседател на Холандско-македонската стопанска комора

Олгица Наумовска е избрана за нов претседател на Холандско-македонската стопанска комора, а за член на Управниот одбор е именуван Дејан Иваноски.

– Целта ми е заедно да привлечаме уште повеќе холандски компании, рече Наумовска по вчерашното Собрание.

Комората, како што соопшти, има вкупно 54 членови од кои 59 отсто се холандски компании
со свои подружници во земјава.

Според извршниот директор, Боб Смит, последниве неколку години повеќе ИКТ и аутсорсинг холандски фирми почнаа да работат во Северна Македонија.

Олгица Наумовска (44) е директор на холандксата ИТ компанија „ХСО Глобал Сервисис” во Скопје, додека Дејан Иваноски (38) е директор на холандската ИТ компанија „Симфони Солутионс” во Скопје.

За десетгодишната поддршка за основање и развој на Комората, претходниот претседател, холанѓанецот Вим Вестен од фирмата „Вимафасхион” во Кочани, доби награда.

Треба да знаете
Последни објави