Палестинските екстремисти истрелаа ракета, Израел одговори со воздушен напад врз Газа

Палестинските екстремисти утрово истрелаа ракета од Појасот Газа кон јужниот дел на Израел, а израелски авион, како одговор нападна цели на Хамас.

Израелската армија соопшти дека палестинската ракета што беше истрелана кон градот Сдерот била пресретната, а два часа подоцна биле нападнати позиции на екстремистите во Газа.

Нема информации за евентуално повредени лица при израелскиот напад.

Се уште ниту една организација не презела одговорност за ракетата.

Треба да знаете
Последни објави