Претседателот на Тотенхем: Почетино може и да се врати

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја отвори вратата за враќање на Маурисио Покетино во клубот. Аргентинецот беше отпуштен од „петлите” поради лошиот старт на сезоната, иако пред помалку од шест месеци се квалификуваше во финалето на Лигата на шампионите.

– Мора да разберете дека остварив лична врска со Маурисио овие пет и пол години. Ова не е нешто што сакав да го сторам и беше неверојатно тешко, но тој разбра. Не е лично и сигурен сум дека тој ќе се врати посилен и ќе управува друг голем клуб. Можеби еден ден ќе се врати во Тотенхем, изјави 57-годишниот Леви.

Маурисио Почетино беше менаџер на Тотенхем нешто повеќе од 5 години. Претходно, аргентинскиот стратег ги водеше тимовите Саутемптон и Еспањол.

Тој е, се разбира, предмет на интерес од повеќе европски клубови, вклучително и два англиски клуба. Тие се Манчестер Јунајтед и Арсенал, како и Баерн Минхен, но сепак засега останува без тим.

Треба да знаете
Последни објави