Претседателот Пендаровски и неговата сопруга Елизабета заедно со градоначалникот Филип Темелковски садеа дрва во „Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Денеска под покровителство на претседателот на Република Северна Македoнија, Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска во „Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” се одржа настан за зазеленување на училишниот двор.

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска заедно со децата од Домот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, секретарот  на Општината, Александар Алексовски и директорот на училиштето, Горанчо Јакимов на празната тревна дворна површина засадија повеќе зимзелени, листопадни и овошни дрва.

По ова, претседателот на државата, неговата сопруга и градоначалникот ги посетија просториите на Домот во кои се едуцираат децата. Таму од страна на директорот и стручниот кадар им беа презентирани секојдневните активности на учениците.

Училиштето за деца и младинци со оштетен вид постојано добива поддршка од претедателот Стево Пендаровски и градоначалникот Филип Темелковски.

Општина Кисела Вода како и досега, така и во иднина ќе продолжи да ја поддржува работата на сите училишта кои работат со деца со попреченост.

Треба да знаете
Последни објави