На 18.12.2019 во Полициската станица Гевгелија бил приведен А.Т.(35) од Гевгелија, бидејќи според пријавеното, претходно скршил стакло од влезна врата на Јавна здравствена установа „Здравствен дом“ Гевгелија и упатувал закани кон вработените. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.