Група Албанци во Тирана протестираа против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој утре и в сабота ќе ја посети Албанија каде што ќе учествува на самитот „Мал Шенген“.
Неколку десетици демонстранти се собраа во центарот на градот, развивајќи транспаренти на кои врз фотографијата на Вучиќ пишува „Персона нон грата“, како и „Тука доаѓа воен злосторник да се претстави како добротвор“.
Иницијативата за отстранување на пречките за поефикасен проток на стока, услуги, луѓе и капитал на Балканот ја покрена претседателот Вучиќ, кој пред два месеци ги собра премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во Нови Сад, а вората средба се одржа во Охрид.