Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Москва и Пекинг не планираат да воспостават воен сојуз.
– Ние не сме во воен сојуз со Кина и немаме планови да го формираме, нагласи Путин на годишната прес-конференција во Москва.
Тој додаде дека е контрапродуктивно и нема да донесе никакво добро насјтојувањето на САД, Јапонија и на Јужна Кореја за формирање воен сојуз.
Путин рече дека Русија ипомага на Кина да воспостави ракетен систем за рано предупредување што ќе дејствува строго како одбранбена алатка.