Барселона и Реал Мадрид ремизираа (0:0) во одложениот меч од 10. коло во шпанската фудбалска Примера. По ваквиот исход „кралевите“ на својата официјална интернет-страница се пожалија дека биле оштетени од страна на судиите. Тие сметаат дека во два наврати биле оштетени за недосудена најстрога казна. Во двата наврати пред голот на Барселона според тимот од Мадрид неправилно бил попречуван Рафаел Варан.
Во првата ситуација Клеман Ленгле стартуваше врз својот сонародник во 17-тата минута, а само две минути подоцна и Иван Ракитиќ со рака го повлече за дрес исто така Варан. Судијата Ернандез Ернандез не се огласи, како и неговите асистенти од ВАР-собата.