СЗО: Бројот на пушачи во светот се намалува

Бројот на пушачи се намалува и првпат е констатирано дека е прекинат постојаниот раст на консументи на цигари, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Промената на глобално ниво покажува дека напорите на владите за намалување на пушењето имаат ефект, спасуваат животи и го штитат здравјето на луѓето, се наведува во соопштението на СЗО, која се обврза дека ќе продолжи да соработува со владите за намалување на трендот на пушењето.

– Со години гледавме дека бројот на пушачи постојано се зголемува, а сега се намалува, бидејќи владите ги заострија мерките против пушењето, наведува СЗО.

Исто така се напоменува дека бројот на пушачи значително е намален поради фактот дека жените драстично го намалиле пушењето.

Секоја година пушењето е причина за смртност на повеќе од осум милиони луѓе во светот.

Треба да знаете
Последни објави