Синдикатот на културата на Република Македонија најави дека на 24 декември, вторник, ќе одржи предупредувачки штрајк поради непотпишување на колективен договор, кој, како што велат, го очекуваат деценија и половина.
„Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка. Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар“, велат од Синдикатот.
Од таму додаваат дека штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања.
„Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена“, велат од СКРМ