Тројца загинати во престрелка во близина на руската ФСБ во центарот на Москва

– Руската полиција соопшти дека е „неутрализирано” лице кое отворило оган од автоматско оружје врз зградата на Федералната служба за безбедност во Москва

Три лица загинаа денеска во пукање во близина на седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСБ) во центарот на Москва, јавија руски медиуми.

Пукањето се случило на плоштадот Лубјанка, на 10 минути пеш од Кремљ и Црвениот плоштад.

Во видео инсерти објавени на социјални мрежи се гледаат голем број полицајци, а во позадина може да се слушнат истрели.

Според првичните извештаи,  убиен е човек кој пукал кон зградата на ФСБ и бил вооружен со автоматска пушка. Засега не е познато што точно се случило.

Медиумите во Москва претходно јавија за повредени припадници на ФСБ.

Треба да знаете
Последни објави