Еден од најбараните холандски бегалци, наводен водач на криминална организација, кого обвинителството го опишува како „подмачкана машина за убивање“, е уапсен во Дубаи.
Осомничениот Ридуан Таги има мароканско потекло и беше во бегство со години, а е уапсен во понеделникот.
Тој ќе се соочи со обвиненија дека наложил низа убиства.
Обвинителството го обвинува Таги (41) за убиство на пет лица, вклучувајќи и познати криминалци.
Судскиот процес против Таги и неговиот наводен партнер Саид Разуки веќе е почнато, иако никој од нив не бил присутен, а ќе продолжи на 27 февруари.
Разуки е сè уште во бегство, пренесе АП.