Засега непознати лица ја украле накитената новогодишна елка на градската пожарникарска служба во едно место во западниот дел на Германија.
Елката била однесена заедно со светилките и други украси, соопшти полицијата на Мајан, наведувајќи дека кражбата се случила во раните утрински часови во средата.
Крадците ги исекле каблите на светилките и ја земале четири метри високата новогодишна елка која била поставена пред пожарникарската служба во близина на Бело, град со околу 1.500 жители.
Со оглед на големината на дрвото, полицијата верува дека повеќе луѓе биле вклучени во кражбата, пренесува АП.
Полицијата ги повика потенцијалните сведоци да пријават ако знаат нешто за случајот.