Трите девојчиња кои утрово беа прегазени во Чаир се симнале од автобус па во нив удрило такси, јави Телма.
Според последните инормации, потешко повреденото девојче е хоспитализирано на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а останатите две повредени девојчиња се примени на Клиниката за детска хирургија. Кај едното се констатирани скршеници, а другото малолетно девојче е моментално на опсервација. Сите повредени се на возраст од 12 и 13 години.
Како што претходно информираше МВР, сообраќајната несреќа се случила на улицата Христијан Тооровски Карпош околу 11 часот.