Џонсон: Најрадикален говор на кралицата во последната деценија

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во парламентот ја претстави законодавната програма на својата Влада, опишувајќи ја како „најрадикален говор на крлаицата во генерацијата).

Говорот на кралицата, кој го напиша Владата, но монархот го чита од златниот престол во Домот на лордови, треба да вклучи десетици закони кои Владата ќе ги донесе следната година.

Џонсон, чија Конзервативна партија на изборите на 12 декември освои големо мнозинство, вети дека ќе ја изведе Велика Британија од ЕУ кон крајот на јануари, а потоа ќе се посвети на домашните приоритети.

– Немаме време за губење и веднаш почнуваме со најрадикалниот говор на кралицата во генерацијата да ги исполнуваме приоритетите на британскиот народ, рече Џонсон во обраќањето кое претходи на говорот на кралицата.

– Наша цел не е ништо друго освен целосна трансформација на нашата земја на подобро, потенцираше Џонсон.

Треба да знаете
Последни објави