Kим Кардашијан на 50-тиот роденден на Диди позира со Наоми Кембел, но овој пат носи поинаков фустан по обвинувањата дека ја копира

Неа со години ја обвинуваа дека ги копира облеките на Наоми Кембел.

Ким Кардашијан се чини дека ужива додека ја фотографираат со иконата на стилот Наоми на роденденската забава на Диди (50) минатиот викенд.

Но, овој пат Ким на себе има сосема поинаков фустан од тој на Наоми.

Ким во средата на својот Инстаграм сподели фотографија од забавата, а на објавата напиша “SQUAD”.

На снепот, Ким е визија на гламур во жолт омбре фустан од сатен додека седи до Наоми, која што на себе има блескав розов фустан со длабок шлиц до бедрото.

На друга фотографија, Ким позира со сопругот Каније Вест и неколку познати личности од музичката индустрија.

Се чини дека Ким и Наоми се во добри односи откако реалити ѕвездата беше обвинета дека го копира имиџот на топ-моделот Наоми.

 

Ким во повеќе прилики носеше идентична облека со Наоми, како на пример во мај годинава кога позираше во боди на Азедин Алаја – исто како тоа што супермоделот го носеше во 1991 година.

 

Изгледа познато: Кардашијан во фустан Версаче во 2019 година – истиот фустан кој Кембел го носеше на модна писта во 1996 година.

Којзнае како се чувствува Наоми кога Ким ги повторува нејзините облеки, но сепак таа еднаш наговести дека не помислила дека реалити ѕвездата заработила насловна на „Вог“ во 2014 година со Каније.

„Не сакам да коментирам,“ рече модната икона смеејќи се, кога ја прашаа за коментар во врска со насловната страница. Разговорот беше дел од  австралиското ток-шоу The Morning Show таа година.

На прашањето зошто, Наоми одговори: „Бидејќи сум манекенка и работам веќе 28 години, а кога ќе добиеш насловна на Вог, тоа е успех во вашата кариера. Тоа е отскочна штица. А јас сум манекенка, што повеќе можам да кажам?“

„Дали мислите дека Ким и Каније не заслужиле да бидат на насловна на Вог?“ праша еден од домаќините на емисијата.

„Тоа се твои зборови,“ рече Наоими, обидувајќи се да биде пристојна. „Јас сум политички коректна. Тоа било избор или одлука на Ана Винтур да ги стави на насловна страница на списанието на кое таа е главен уредник. Кој може да го оспори тоа?“

Треба да знаете
Последни објави