Маж од Србија е осомничен дека во вторникот направил тешка сообраќајна несреќа во Барселона во која загинало бебе на возраст од 17 дена.
Првите информации кои ги пренела шпанската Ла Вангуардиа се дека кај српскиот државјанин бил откриена дрога во крвта.
Шпанските медиуми наведуваат дека бебето починало на лице место, дека таткото е во критична состојба, како и дека тешко се повредени дедото и мајката на бебето.