Нина Ангеловска лаже како нејзиниот ментор Зоран Заев.
Ангеловска заедно со Манчевски вршат груба партизација во државните институции.
Изборите се ближат, уплашени од поразот кој што ги чека засилено ги партизираат институциите. Секој ден се нижат незаконски вработувања на партиски војници.
Ангеловска лаже кога тврди дека вработувањата по институциите се поради природен одлив-пензионирање. Во 2018 година во МИОА имале пензионирани 35 лица!? На последниот оглас, МИОА распиша оглас за 35 извршители. За да се увери Ангеловска колкави се злоупотребите и да сфати кои се последиците од нејзината авантура во МФ, нека ги погледне последните огласи и во МЗШВ- 20 извршители, Катастар-23 извршители, Министерство за култура – 12 извршители, Општина Ѓорче – 13 извршители.
Сите злоупотреби кои што ги врши Ангеловска заедно со криминалната власт ќе бидат достапни на граѓаните за многу кратко време и тогаш точно ќе се знае дали вработувањата се поради природен одлив или за партиски и предизборен поткуп!
Обновата на Македонија ќе допре до сите пори на општеството и ќе одговараат сите кои ја злоупотребиле функцијата и Буџетот на Република Македонија.