Возач на автобус во Германија го привлекол вниманието на јавноста бидејќи залепил контроверзна порака во автобус.
Фотографијата од пораката залепена на шофершајбната брзо се раширила на социјалните мрежи и возачот бил суспендиран.
„Овој автобус го вози Германец“ гласи пораката со која биле пречекувани патниците во германскиот град Дрезден.
@DVBAG was zur Hölle soll das pic.twitter.com/be7QJlwb1f
— Hero in Training (@Barldarian) December 16, 2019
Германските медиуми јавуваат дека расистичката порака е знак на негодување на Германците поради зголемениот број на возачи од Балканот и од Источна Европа, кои возат автобуси во оваа земја без да знаат германски.
Како што истакнаа, тие добиваат работа поради недостигот на работници во оваа земја.
Раководството на компанијата во која е вработен возачот соопшти дека биле запознаени со инцидентот и биле згрозени.
„Нашата фирма не може да биде платформа за политички расправи“, велат од фирмата, додавајќи дека 52-годишниот возач на автобусот е суспендиран.
Тој им признал на работодавците што го натерало да залепи таква порака, наводно сакал да ги информира патниците дека знае германски.