Денеска Градоначалникот Курто Дудуш, оствари работна средба со заменик министерот за животна средина и просторно уредување Јани Макрадули, во Општина Шуто Оризари, во врска со реализацијата на Програмата за намалување на аерозагадувањето.
Програмата предвидува уредување на нова зелена површина во О.У. Браќа Рамиз и Хамид, воведување на енергетски ефикасни системи и набавка на опрема oд надворешни, внатрешни прозорци и врати во општинската зграда.
Акцијата за озеленување на О.У. Браќа Рамиз и Хамид, во рамки на програмата треба да се спроведе на крајот на годинава и почеток на 2020 година.
Градоначалникот Курто Дудуш во дел од неговото излагање истакна дека Општина Шуто Оризари после повеќе децениско запоставување на секторот за животна средина, почна да гради имиџ на одговорна локална самоуправа. Енергетско ефикасните општински објекти се исто така приоритет и за тоа сведочи целосната реконструкција на кровот, прозорите и фасадата во основното училиште Браќа Рамиз и Хамид. Дополнително, во тек е постапка за отпочнување на проект кој ќе овозможи гасификација на општинската зграда, двете основни училишта во кои учат вкупно над 4.000 ученици и средното училиште.
Секако, за реализација на сите активности од програмата за животна средина е потребна и помош од централната власт.
Заменик министерот Макрадули напомена дека патот до почист воздух, поздрава и позелена животна средина може да биде единствено преку заедничка соработка меѓу централната и локалната власт. Во објектот на Општината се инвестирани околу 1 милион денари, додека разеленувањето е буџетирано со 500.000 денари.