Водостојот на Дојранското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, а на Охридското и Преспанското е ист со вчерашниот, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Нивото на Дојранското Езеро е за 2,75 метри повисоко од вообичаеното за овој период од годината, додека кај Охридското е за еден, а кај Преспанското за 70 сантиметри пониско од просечното.
Водостоите на сите реки во земјава, пак, се пониски од просекот за декември. Кај дел од нив се исти со вчерашните, а кај останатите има благо зголемување или намалување во однос на вчера.