Кекеновски: Мицкоски биди маж, а не копија на Заев

Професорот Јове Кекеновски, член на ФРОДЕМ на својот Фејсбук профил го искоментираше однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситијан Мицкоски и му пораша д не биде копија на премиерот Зоран Заев.

-Многу било лесно кога ќе договориш нарачани прашања од новинар и онака лаконски да одговориш,,И јас имам слушнато за некое стикче со инкриминирачки материјал во Обвинителството со број….”.
Да се потсетиме на времето кога Зоран Заев како опозиционер кажуваше дека поседува прислушкувани разговори. а во меѓувреме тајно скоро 6 месеци се пазареше со Груевски. Откако не се испазарија дури тогаш снимките излегоа во јавноста.

https://www.facebook.com/jove.kekenovski/posts/1523797714450310

Сега со слично однесување и Мицковски од позиција на опозиционер. Наместо да се одважи и да излезе во јавноста и да каже што содржи стикчето тој нарачува прашања за да се прикаже пред јавноста дека нешто крупно знае околу аферата ,,Рекет” но и за други матни и криминални работи на власта, ама демек нешто само начул.
Станува сосема јасно и очигледно дека повеќе сака да упати порака до Заев и обвинителството за некое по којзнае кој пат заткулисно пазарење во смисла ,,Ти мене (или нам) тоа, а ние тебе тоа и тоа”. И волкот сит и овците на број односно ,,народот повторно жеден да го пренесат преку вода”,
Дај бре престани со тие ситни заткулисни математики, калкулации и подрумски мувлосани сценарија Биди маж и излези ви јавноста и кажи се што знаеш односно презентирај ја копијата на стикчето, но и на другите материјали кои нели ти ги доставуваат како што му ги доставуваа и на Заев на времето.
Не туку постојано тајно се пазари и во очекување некој друг да ти ја заврши работата. Не глуми ,,чиста Дана со чисти раце”.😰, напиша Кекоеновски.

Треба да знаете
Последни објави