Либанскиот претседател Мишел Аун денеска спроведува консултации со политичките групи за именување нов премиер.
Консултациите, кои во неколку наврати беа одложувани, почнаа откако премиерот во оставка Саад Харири синоќа најави дека не сака повторно да биде на таа функција откако не политичките партии не се договорија да му дадат поддршка.
Демонстрантите, кои веќе неколку седмици се на улиците, од претходно ја одбија можноста за негова номинација.
Разговорите на претседателот Аун и претставниците на 128 членови на Парламентот одложувани се двапати, а сега се одржуваат после повеќедневните насилства, најголеми од почетокот на протестите на 17 октомври.
Најверојатен нов премиер е Хасан Диаб, универзитетски професор и поранешен министер за образование. За номинацијата му е потребна поддршка од најмалку половина пратеници.