Митревски најдобар голман во лигашкиот дел од регионалната СЕХА

Голманот на Еурофарм Работник и на македонската репрезентација, Никола Митревски, е најдобар чувар на мрежата по регуларниот дел во регионалната ракометна СЕХА лига. Тоа е убавата вест за селекторот на македонската репрезенатција Данило Брестовац во пресрет на ЕП-2020 кое ќе почне на 9 јанаури 2020 година.

СЕХА-лигата сезонава за првпат во своето деветто издание откако е формирана се играше во две групи со по пест екипи. Сега следува разигрување со нокаут-фаза. Еурофарм во осминафиналето  ќе игра против хрватскиот Нексе, а доколку го елиминира во четвртфиналето ќе налета на бранителот на трофејот, петкратниот првак во ова регионално натпреаврување Вардар.

Митревски во групната фаза каде дебитантот битолски Еурофарм одигра 10 натпревари забележа вкупно 89 одбрани, една повеќе од голманот на белорускиот првак Мешков Брест, а две повеќе од голманот на Металопластика, Тодор Јандиќ.

Ќе се паметат неговите одбрани на дуелот против Веспрем во Битола на кој Еурофарм го изненади фаворизираниот унгарски тим.

 

Треба да знаете
Последни објави