Маж кој пукал во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и кој ранил двајца службеници, е убиен и идентификуван, но неговиот идентитет се уште не е објавен, изјави за руски медиуми извор од полицијата.
Портпаролот на руското Министерство за здравство рече дека двајца офицери на ФСБ биле ранети во инцидентот, негирајќи ги претходните извештаи во медиумите дека тројца луѓе загинале.
Пукањето се случило во близина на зградата на ФСБ во центарот на Москва, недалеку од Кремљ и Црвениот плоштад.
Рускиот истражен комитет започна истрага, а портпарол на рускиот претседател објави дека за инцидентот бил известен Владимир Путин.