Општина Ѓорче Петров демантира дека Наумовски потрошил 101.535 евра за ручеци

Предмет: Соопштение до јавноста-реакција на лажните информации пласирани во дел од електронските медиуми и социјални мрежи  со наслови како: ,, Струмица и Ѓорче Петров рекордери по трошење пари за репрезентација” ; ,,Ѓорче Петров во Топ 5 како општина по трошење за гозби по кафани”

Општина Ѓорче Петров категорично и целосно ги отфрла тенденциозните напади и лажните вести кои се шират по социјалнитемрежи и порталите, дека градоначалникот Александар Наумоски во својот двегодишен мандат потрошил 101.535 евра за гозби и ручеци. Станува збор за апослутна невистина и конструкција која ги доведува до заблуда жителите на Ѓорче Петров.

Имено, изворната информација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија го врши истражувањето во периодот од 1 јануари 2017 до август 2019 година каде 10 месеци градоначалник на општина Ѓорче Петров е Сокол Митровски, кој за тие 10 месеци потрошил рекордни 48.000 евра на репрезентација.

Општина Ѓорче Петров во периодот од 20 октомври 2017 до 13 декември 2019 година има потрошено околу 53 илјади евра за репрезентација, во кои  покрај угостителски услуги влегуваат и плаќањата за новогодишни пакетчиња за учениците, новогодишна репрезентација ( пенкала, тефтери, календари…), репрезенатција за Советот, збратимените општини.

Само како споредба, за еден ден екс-градоначалникот Митровски има потрошено 10.000 евра за храна и угостителски услуги, дело за кое се води и соодветна постапка пред надлежните органи.

Градоначалникот Наумоски не поседува службена картичка, а сите плаќања за каква било репрезентација од наведените погоре се вршат по доставена фактура од страна на фирми избрани во транспарентна постапка за јавна набавка.

Криминално однесување и злоупотреба на парите на граѓаните е белег на претходната власт и раководството на претходната локална самоуправа. Општинската администрација предводена од Александар Наумоски на прво место ги става граѓаните и нивните потреби.

Од 1 јануари 2017 година до 1 декември 2019 година за новороденчиња, парична помош за социјално ранлива категорија на граѓани и за поддршка на спортот (спортски клубови, здруженија на граѓани, фондации и индивидуални спортисти) исплатени се 287.378 евра.

Општина Ѓорче Петров е една од најубавите општини во земјава за која неуморно оваа општинска администрација се обидува да ја исправи грешката од 12,5 годишното владеење на претходната гарнитура.

Треба да знаете
Последни објави