Вицепремиерот задолжен за европски прашања и функционер од ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека ДУИ нема донесено конечен став дали пред предвремените парламентарни избори ќе коалицира или пак, како партија ќе настапат сами.
-Конечна одлука не сме донеле кој со кого да оди. Тоа беа наши ставови, дека подобро е да одиме сами на изборите. Изборите се закажани за 12 април, со консензус на политичките партии. Во однос на дебатата, дали ќе се смени или не датумот, теоретски може да се смени само со консензус. Моментално е овој постигнат консензус и партиите треба да ги прават своите подготовки. Што значи се уште немате конечна одлука, ќе одите сами? Конечна одлука ќе донесе генералниот совет, после Конгресот, кој ќе се одржи во сабота, каде ќе се избере генералниот совет. И овој совет во ДУИ според статутот ќе донесе одлука. Со кого би оделе во коалиција? Не можам да зборувам за хипотетички ситуации, вели Османи..