На 18.12.2019 во 14.40 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во Општата болница Прилеп бил донесен С.С.(50) од Прилеп, кој се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи во куќа на ул.,,Пчиња“ во Прилеп. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.