Палестинските екстремисти утрово истрелаа ракета од Појасот Газа кон јужниот дел на Израел, а израелски авион, како одговор нападна цели на Хамас.
Израелската армија соопшти дека палестинската ракета што беше истрелана кон градот Сдерот била пресретната, а два часа подоцна биле нападнати позиции на екстремистите во Газа.
Нема информации за евентуално повредени лица при израелскиот напад.
Се уште ниту една организација не презела одговорност за ракетата.