Италјанскиот фудбалски шампион Јувентус забележа победа (1-2) на гостувањето во Џенова против против Сампдорија во првиот меч од 17. коло од Серија А и времено се одлепи од Интер на водечката позиција. Победата на „старата дама“ и ја обезбеди еден од најдобрите играч на денешницата, португалскиот интеранционалец Кристијано Роналдо постигнувајќи го победоносниот погодок во 45 минута со небески скок во стилот на НБА-кошаркарите кога „забиваат“.
Овој потег на Роналдо не го остави рамнодушен ниту тренерот на Сампдорија, искусниот Клаудио Раниери.
-Кога некој ќе постигне гол на ваков начин мора само да гледате и да се восхитувате. Роналдо заби во стил на НБА ѕвезда. Лебдеше во воздухот пред да ја забие топката во голот речиси час и половина. Што друго да се каже? Само може да се поклоните пред една таква мајсторија – рече Раниери.