– Американската тенисерка Серина Вилијамс може да биде добра не само во својот спорт, туку и во боксот.
Американката тренираше со поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон, кој ја подучуваше.
„Удри по „крушата” како што сакаш да ја удираш топката”, напиша Патрик Муратоглу, тренер на Серена, кој на Твитер објави видео од сесијата со „Железниот Мајк”.
За време на нејзината кариера, Американката има освоено 23 Гренд слем турнири. Неодамна, таа играше на УС Опен, каде стигна до финалето и загуби од 19-годишната Канаѓанка Бјанка Андреску 3-6, 5-7.
На нејзината сметка, Серена има 72 ВТА титули.