Словенец загина на ски-патека во Италија

На ски-терените на планината Кронплац во Северна Италија, при дирекетн судар на двајца скијачи, загина 49 годишен Словенец. Во несеќата е повреден и 19 годишен Германец, јавија локалните медиуми, а пренесе дописникот на МИА од Љубљана.

Германските и италијанските објавија дека прв на настраданиот словенечки скијач, медицинска помош се обидел да му пружи словенечки доктор кој бил во близин на настанот.

Италијанските власти веднаш започнаа истрага со цел да се откријат точните причини за несреќата во која смртно страдаше еден човек.

Треба да знаете
Последни објави