Уапсен еден од најбараните холандски криминалци, опишуван како „машина за убивање“

Еден од најбараните холандски бегалци, наводен водач на криминална организација, кого обвинителството го опишува како „подмачкана машина за убивање“, е уапсен во Дубаи.

Осомничениот Ридуан Таги има мароканско потекло и беше во бегство со години, а е уапсен во понеделникот.

Тој ќе се соочи со обвиненија дека наложил низа убиства.

Обвинителството го обвинува Таги (41) за убиство на пет лица, вклучувајќи и познати криминалци.

Судскиот процес против Таги и неговиот наводен партнер Саид Разуки веќе е почнато, иако никој од нив не бил присутен, а ќе продолжи на 27 февруари.

Разуки е сè уште во бегство, пренесе АП.

Треба да знаете
Последни објави