Професорот Љубомир Фрчкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека ветингот како што власта го има замислено ќе биде големо разорачување, бидејќи нема да даде резултати.
-Генералниот реизбор беше наша желба, тие веднаш ја угушија таа идеја дека некој во Брисел им шепнал дека идејата е застрашувачка. Она што не може да се оправда, неможноста да се сменат судиите кои се очигледни компромитирани. Дваесетина сменети судии ќе донесе резулатат. Ветингот како што го замислуваат со фокус на имотот ќе биде големо разочарување. Прва точка на ветингот треба да биде нестручното работење и служба за партиската власт. Ветингот како што го замислиле нема да даде резулатат, и повторно Заев ќе биде крив како предлагач. Тие дваесетина судии кои се јасно комромитирани нема да бидат фатени со ваквиот ветинг, рече Фрчкоски.
Тој смета дека поставувањето на судството на нови темели не е работа која самото судство може да ја изведе. Туку тоа е политичка операција која, како што вели, бара чесни политички елити кои може да изведат промени и да се воздржат од дирекно инструментализирање на судиите кои ќе ги предложат. Според Фрчкоски тоа е тешко, но не е невозможно.
-Министерството за правда води лоша приказна уште од почеток. Треба да измислат нова стратегија на кој начин енергијата и фокусот на реформите ќе се реализираат во некакви промени. Треба да се фокусираат на промена на составот на Судскиот совет, смена на 20 судии за кои има очигледни докази дека се компромитирани во делот на вршењето службена должност, рече Фрчкоски.