Четири лица, од кои двајца потешко, се повредени во пукање што се случило на влезот во трговскиот центар „Саут Парк“ во Сан Антонио, Тексас.
Во пукањето се повредени 17-годишно момче, девојка (19) и двајца мажи на возраст од 26 и 41 година. Полицијата трага за тројца осомничени кои отвориле оган во средата околу 21 часот, а потоа побегнале.
На местото на настанот пристигнале полиција и брза помош, а очевидците велат дека глетката била страшна.
„Слушнав како луѓето врескаат, плачат и молат за помош. Сите почнаа да бегаат, да се туркаат едни со други“, изјави Брајан Рејни, очевидец на пукањето.
Мотивот за нападот засега е непознат.