Гаговски од трибината Агенда Иноватива 20-24: Единствен излез од технолошката заостанатост е сериозно инвестирање во технолошкиот развој

Што се однесува до технологијата, не треба да се објаснува дека таа е главен забрзувач на развојот на човештвото и многу е важно каде во технолошката мапа на светот се наоѓа земјата, истакна ИТ експертот и бизнисмен Илијанчо Гаговски на трибината Агенда Иноватива 20-24 во организација на СДСМ.

Единствен излез е од технолошка заостанатост е технологизирање, односно сериозно инвестирање во технологијата, истакна Гаговски.,

Според него има 2 начини, прво е да станете провајдер на технологија, тоа е многу тежок, долг, но не и невозможен начин.

Такви се Кореа, Кина, Ирска, Естонија. Овој процес бара сериозни инвестиции во образование. Има и друг начин, а тоа усвојување и креирање на концепт кој јас го нарекувам технолошки облагородена држава која значи заштеда на време, заштеда на пари, заштеда на достоинство, и загревање на економијата, посочи Гаговски.

Ако државата реши да инвестира во технологии, е одлично, но новата технологија треба да се пласира и и да дава додадена вредност локално, истакна ИТ експертот и бизнисмен Илијанчо Гаговски на трибината Агенда Иноватива 2020-24 во организација на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави