– Група млади лица, веројатно анархисти, упадна во радиото на третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ со седиште во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Освен што упаднале, фрлиле летоци и испишале слогани, според локалните медиуми, лицата побарале и да се обратат преку радиото, што им било и дозволено.
Полицијата, според истите информации, привела неколку лица.