Загадувачите од ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и нечесни, степенот на загаденост и бројот на денови со висока загаденост покажуваат тренд на намалување

Загадувачите од ВМРО-ДПМНЕ лажат и лицемерно, нечесно и неискрено зборуваат.

Информација за загадување на амбиенталниот воздух требаше да поднесат додека системки го уништуваа зеленилото, градеа неплански и свесно го поттикнуваа загадувањето преку погубните и неодговорни политики.

Денес, за разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ заедно со сите институции на централно и локално ниво е посветена на спроведување мерки кои на краток, среден и долг рок имаат за цел сериозно да го намалат аерозагадувањето.

Првите резултати се видливи. Сите мерни станици во Скопје но и во другите градови во псоледните две години покажуваат интензитет на намалување на степенот на загадување и тренд на намалување на ПМ честичките во воздухот. Исто така се бележи и тренд на намалување на бројот на денови во годината во кои загаденоста е над дозволеното ниво.

Се инвестира во замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, интензивно се работи на гасификација.

Владата предводена од СДСМ издвои 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење на јавни објекти во Куманово.

Наскоро пристигнуваат 33 еко автобуси за јавниот превоз во Скопје, со што ќе се замени дел од стариот и нееколошки возен парк во јавниот превоз.

10 милиони евра се обезбедени за субвенционирање на инвертори за 10.000 семејства, а со намалување на ДДВ за парно, се очекува да порасне бројот на нови корисници на овој еколошки начин на загревање.

Веќе се забележуваат и првите резултати. Предизвици се уште постојат бидејќи се работи за комплексен проблем, но сите институции предводени од Владата се силно мотивирани да го решат овој децениски проблем.

Треба да знаете
Последни објави