По изборот на речиси 100% целосно нови претседатели на сите наши ограноци и по изборот на над 90% на нови претседатели на сите наши подограноци, како и целосно нов избор на форумите на жените и на младите, Демократската унија за интеграција ќе го организира својот четврт изборен партиски конгрес, соопшти партијата.
ОД ДУИ велат дека се убедени дека резултатот од Конгресот ќе придонесе врз градење оддржливи политики коишто ќе бидат од корист на сите граѓани на нашата земја.
Конгресот ќе се одржи утре, 21 декември, со почеток во 16 часот во Спортско-рекреативниот центар „Кале” во Скопје.