Австриски Ред Бул Салцбург се пошегува со европскиот фудбалски шампион Ливерпул, а причината за тоа е последниот трансфер направен меѓу двата клуба. Такуми Минамино замина во Англија на „Енфилд“ за 7,25 милиони фунти. Ова е трет играч, што во одредена етапа од кариерата го носи дресот на Салцбург, а потоа преминува во тимот од „Енфилд“.
„Еј, Ливерпул, кој е следен” – се наведува во кратката порака на Твитер на официјалната веб-страница на австрискиот тим. Садио Мане беше во Салцбург од 2012-2014 година, по што се пресели во Саутемптон, од каде слета на „Енфилд”. Наби Кеита е кај австриските шампиони од 2014 до 2016 година, заминува во германскиот Лајпциг, од каде беше привлечен во Ливерпул.
Вчера стана јасно дека Такуми Минамино се пресели од Салцбург кон Ливерпул, што ја предизвика шегата на австрискиот клуб.
Двата тима беа противници во годинашната групна фаза во Лигата на шампионите, а во дирекна пресметка во последното коло Ливерпул го доби Салцбург и се пласира во осминафиналето.



