Работилница за Св.Никола, во ПОУ „Д-р Златан Сремец” во Кисела Вода

Вчера по повод празникот посветен на Св.Никола, во ПОУ „Д-р Златан Сремец” во Кисела Вода под мотото: „Со нашите вредни рачиња, изработуваме за нашите другарчиња” се одржа новогодишна работилница.

На работилницата, ученици од ООУ „Невена Георгиева – Дуња” заедно со другарчињата од ПОУ „Д-р Златан Сремец” инспирирани од интересната легенда за Дедо Мраз која потекнува од Свети Никола, од колачиња направија многу новогодишни фигури.

Сега изработените слатки фигури ја красат новогодишната елка во училиштето.

Треба да знаете
Последни објави