Русија објави дека е многу загрижена за потенцијалното распоредување на турските трупи во Либија и дека безбедносниот договор меѓу двете земји покренува многу прашања, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на неименуван извор од руското Министерство за надворешни работи.
Либиската меѓународно призната влада објави дека го ратификувала договорот за безбедност и воена соработка со Турција, во обид да стави крај на едномесечната офанзива од страна на спротивставените сили, пренесе „Ројтерс“.