Француската управа за конкуренција го казни американскиот технолошки гигант Гугл со 150 милиони американски долари за антиконкурентско однесување и нејасни регулативи на својата интернет страница Google Ads.
Аналитичарите велат дека казната е изречена во време кога Франција и другите европски земји под строга контрола ги држат американските технолошки компании како Гугл, Фејсбук, Епл и Амазон, кои често се на мета на критиките поради релативно ниските даночни плаќања.
Во септември, Гугл се согласи да плати скоро милијарда евра на француските власти за поради истрагата за фискална измама, која започна пред четири години. Гугл, исто така, се соочува со зголемена регулаторна контрола поради содржината која се појавува во резултатите од пребарувањето и рекламите.