Англиски медиуми пренесуваат дека младиот норвешки напаѓач од редовите на австрискиот Салцбург, Ерлинг Халанд се качил во авион и летнал за Манчестер каде трена да има средба со челниците на фудбалскиот премиерлигаш Јунајтед за евентуален трансфер во зимскиот преоден рок.
Корпулентниот голгетер на Салцбург во Манчестер ќе допатува од неговиот роден град Ставангер во Норвешка, а на социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од летот следен на популарната страна за пратење летови „Flight Radar“.
Според медиумите на Островот големи се шансите младиот 19 годишен напаѓач да биде првото јануарско засилување на „Олд Трафорд“.