Легендарниот јапонски ски-скокач Норијаки Касаи, не се пријави за настап на натпреварот од новогодишната турнеја „Четири скокалници”, па за првпат од 1992 година досега, најпознатиот натпревар во тој зимски спорт ќе биде без Касаи.
Иако има 47 години, Касаи уште е активен, до неодамна се натпреваруваше со помладите, но ќе го нема од 28 декември до 6 јануари на скокалниците во Оберстдорф, Гармиш Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.
Касаи во кариерата која трае повеќе од две децении, имаше 17 победи во светскиот куп, настапи на дури 568 натпревари. На „Четири скокалници”, победуваше во германски Гармиш во 1993 и 2001, и во австриски Инсбрук во 1999 година.