Арсенал го промовираше новиот тренер Микел Артета

Англискиот фудбалски премиерлигап Арсенал официјално го објави назначувањето на Микел Артета за нов тренер на тимот. Поранешниот капитен на клубот, кој играше за „топџиите” помеѓу 2011 и 2016 година, потпиша договор со екипата од „Емирати” на три и пол години соработка.

Со ова тој ја презеде функцијата од разрешениот Унаи Емери, чија работа привремено ја извршуваше Фреди Љунгберг, уште една легенда на клубот.

Швеѓанецот не успеа да донесе добри резултати за Арсенал за време на неговиот тренерски период, откако тимот забележа само една победа на пет натпревари во сите натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави