БиХ нема пари да ги испрати ракометарите на ЕП во Норвешка

Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина нема финансиски средста за да отпатува на завршницата од ЕП-2020 кое од 9 до 26 јануари ќе се одигра во три земји на стариот континент, Австрија, Норвешка и Шведска. Селекцијата на БиХ во групата Д треба да игра со домаќинот Норвешка, Франција и Португалија. Сметката на ракометната федерација на БиХ е блокирана за долг од околу 850.000 евра. Селекцијата на БиХ за првпат избори настап на завршница од ЕП, но лесно може да се случи да не го одигра дебитанскиот настап

-Се наоѓаме во тешка ситуација. Сите пари кои што ги имавме ги потрошивме за подготовки. Подготовки ќе има, но што потоа. Зависиме од Федералниот ракометен сојуз и од нивниот претседател, Дарио Пушиќ. Тој мора да потпише да добиеме пари од Министерството за спорт и култура. Немаме пари ниту за дневници на ракометарите. Не знам како ќе реагираат тие. Немаме пари ниту за патните трошоци. Тие што велат дека не поддржуваат мислат дека повторно самите како и досега ќе успееме да се извадиме. Јас веќе не гледам како е тоа возможно, изјави за босанските медиуми Асим Шахман, потпретседателот на Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави