Миле Јовановски, таткото на Боки 13 по распитот во Обвинителството за организиран криминал рече дека не чувствува вина за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама. Тој ги поздрави новинарите велејќи им „Среќна нова ‘49“, пренесе А1он.
Неговиот распит кај обвинителката Вилма Русковска траеше еден час. Тој не знаеше дали истрагата е завршена. Јовановски не одговараше на повеќе прашања, велејќи дека ќе даде изјава на прес-конференција која најверојатно ќе ја закаже за наредната недела.
Во Обвинителството исказ за малверзациите со Межународниот Сојуз дава и Боки 13, кој беше донесен одзатворот во Шутка.
Видео, фото– А1он