ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерите ги чекаат своите 1400 денари кои Заев им ги зеде, а не 20 тина денари кои сака да им продаде пред избори

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

„Зоран Заев повторно ги лаже пензионерите. Заев им зема 1400 денари на пензионерите, а сега ги лаже со покачување од 0.4%. Да не беше трагично ќе беше смешно. Во услови кога трошоците на живот енормно растат, пензиите тапкаат во место.

Изјавата дека ќе има некакво покачување не пензиите, кое не е доволно ниту за еден леб е предизборен поткуп  и манипулација со граѓаните.

Пензионерите ги очекуваат своите 1400 денари кои Заев им ги зеде, а не 20 тина денари како што сака да им продаде пред избори.“

Треба да знаете
Последни објави